Репрезентацијата на Унгарија е четвртфиналист на Светското првенство откако вечерва во Гетеборг Шведска ја победи Португалија и со тоа им овозможи на Унгарците пласман во четвртфиналето, кое претходно од групите 1 и 2 го имаа обезбедено Франција и Шпанија. По денешните натпреварите Франција и Шведска се репрезентациите со максимален учинок 6 победи од 6 натпревари.
Резултати на денешните натпревари:
Група 1 – Краков:
3.коло: Црна Гора – Словенија (15:30), Иран – Полска 22:26, Шпанија – Франција 26:28.
Табела: Франција 10, Шпанија 8, Словенија 4, Полска 4, Црна Гора 2, Иран 0.
Група 2 – Гетеборг:
3.коло: Зеленортска р. – Унгарија (15:30), Бразил – Исланд 37:41, Шведска – Португалија 32:30
Табела: Шведска 10, Унгарија 6, Исланд 6, Португалија 5, Бразил 3, Зеленортска република 0.
Натпреварите од четвртфиналето ќе се играат во среда – 25.јануари во Гдањск и во Стокхолм.
Франција во четвртфинале во Гдањск ќе игра со второпласираната селекција од групата 3 Германија или Норвешка. Во Гдањск ќе се игра и дуелот меѓу Шпанија и првопласираната селекција од група 3 Германија или Норвешка.
Шведска останува да игра на домашен терен во Стокхолм и за ривал ќе го второпласираниот тим од групата 4 Данска или Египет, додека во вториот дуел во О2 Арена ќе играат Унгарија првопласираниот тим од групата 4.