Со денешните шест натпревари продолжува разврската и борбата за местата во четвртфиналето на Светското првенство. На крајот на програмата е дуелот на Холандија и Германија. Холандските ракометари со евентуална победа можат да дојдат до сериозни шанси за влез во ТОП 8. На другите натпревари се очекува фаворитите (Египет, Србија, Хрватска, Норвешка и Данска) да стигнат до победи, а дел од нив можно е и да „бркаат“ гол разлика.
Распоред на натпреварите:
Група 3 – Катовице
2.коло: Србија – Аргентина (почеток 15:30), Катар – Норвешка (18:00), Холандија – Германија (20:30).
Табела: Германија 6, Норвешка 6, Холандија 4, Србија 2, Катар 0, Аргентина 0.
Група 4 – Малме:
2.коло: Бахреин – Египет (15:30), Хрватска – Белгија (18:00), САД – Данска (20:30).
Табела: Египет 6, Данска 5, Бахреин 4, Хрватска 3, Белгија 0, САД 0.