Претстојниот викенд, ќе изобилува со спортски настани.

Освен тековните натпревари на меѓународната сцена на која во фокусот на вниманието се Светското првенство за ракометари, како и првиот Гренд-слем тениски турнир Австралија Опен, по зимската пауза, полека се враќаа и настаните на домашната спортска сцена.

На ракометниот Мундијал, репрезентацијата на Македонија ќе игра против Тунис. Во регионалната кошаркарска АБА лига МЗТ Скопје е домаќин на Будуќност.

Големи очекувања имаме и од настапот на футсал селекцијата на Македонија до 19 години на претквалификацискиот турнир во „Јане Сандански” во Скопје.

На домашната спортска сцена. се играат четири натпревар од старт на вториот дел од сезоната во кошаркарската Првата лига (мажи), а викендов започнуваат и натпреварите во женска конкуренција.