На Анчевски и Русевски може да им завидат и поискусните

Два брилијантни голови постигнаа нашите млади футсал репрезентативци, во натпреварот од претквалификациите со Германија, што заврши без победник 3-3.

Најнапред Никола Анчевски на ефектен начин, на кој може да позавидат и поголемите и поискусни футсалци, го намени резултатот на 2-1,

Само неколку минути подоцна и Павел Русевски, на луциден начин успеа да го израмни резултатот.

Штета беше пропуштена победа, но се надеваме дека во сабота во дуелот со Косово нашите младинци ќе не израдуваат сите.