Македонската футсал репрезентација до 19 години, одигра без победник 3-3 со врсниците од Германија, во првиот меч од турнирот во Скопје, преку кој се брка пласман во главната фаза на квалификации за Европско првенство.

Иако Германците имаа предност од 0-2, нашите младинци брзо ја анулираа и тоа со двата прекрасни гола, на Анчевски и Русевски.

Во вториот дел, со вториот гол на Анчевски, нашата селекција имаше и водство од 3-2, кое за жал не успеа да го сочува и да се израдува на победа, па на крајот освои само боди играјќи нерешено 3-3.

Утре (17 часот) Германија ќе игра против селекцијата на Косово, која во сабота (17) ќе биде противник на нашата репрезентација,