Спекаткл во Ријад, Саудиска Арабија, каде на пријателски натпревар помеѓу ѕвездите на Ал Наср и Хилал против ПСЖ, фудбалските фанови имаа можност да уживаат во уште една пресметка на фудбалските великани, Лео Меси и Кристијано Роналдо.

За спектаклот да биде уште поголем се погрижија двајцата фудбалери кои постигнаа погодоци.

Најпрвин Лео Меси уште во втората минута го отвори резултатот.

30 минути подоцна, стадионот буквално еруптираше кога од белата точка Роналдо го постигна првиот гол по неговото пристигнување во Саудиска Арабија.

Во судиското надополнување во првото полувреме, публиката повторно се радуваше откако  Роналдо уште еднаш ја затресе мрежата на Кејлор Навас.

Двете ѕвезди теренот го напуштија во 61-та минута, а натпреварот заврши во полза на ПСЖ со (5-4)