Македонските ракометари со пораз (27-39) од фаворизираната Норвешка го започнаа својот настап на Светското првенство.
Иако резултатот само по себе говори за силата на противникот, сепак црвено-жолтите одиграа одлични 25-тина минути во првиот дел.
Капитенот Никола Митревски имаше шест успешни интервенции, додека Дејан Манасков постигна пет гола.
Токму една од интервенциите на Митревски, по што следуваше контра и гол на Манасков на спротивната страна, е нашиот избор од најубави моменти на споменатиот натпревар.