На ракометното Светско првенство денеска се играат седум натпревари од првото коло во групите А до Д.
Во премиерниот дуел одигран синоќа во Катовице олимпискиот шампион Франција го победи домаќинот Полска со 26:24.
Денеска од 18 часот ќе играат:
Чиле – Иран (А група),
Словенија – Саудиска Арабија (Б група),
Зеленортски острови – Уругвај (Ц група) и
Унгарија – Јужна Кореја (Д група).
Во терминот од 20:30 часот на програмата се три натпревари:
Шпанија – Црна Гора (А група),
Шведска – Бразил (Ц група) и
Исланд – Португалија (Д група).
Македонија првиот натпревар ќе го игра во петок против Норвешка од 20:30 часот во Краков.