Избраниците на Иван Јуриќ, стигнаа до јуначка победа против тимот на Милан и се пласираа во четвртфиналето на купот на Италија.

Цели 114 минути мрежите на Сан Сиро мируваа, за да Михаел Адопо во второто продолжение го совлада чуварот на мрежата на росонерите, Татарушану.

Дополнителна тежина на победата на Tорино е и тоа што до неа мораа да дојдат со играч помалку, откако во 70-тата минута од натпреварот Кофи Џиџи доби втор жолт картон на натпреварот, што значеше дека неговиот тим останува со играч помалку

Во четвртфиналето Торино за противник ќе го има подобриот од дуелот Фиорентина – Сампдорија