Машката сениорска ракометна репрезентација на Македонија утринава отпатува за Краков, каде од утре ќе го започне својот осми настап на Светските првенства.

Ракометната експедиција предводена од селекторот Кирил Лазаров и неговите осумнаесетмина избраници, од скопскиот аеродром со чартер лет заима за Полска.

Иако на списокот на патници ги нема Марко Кизиќ, Цветан Кузманоски и Давид Савревски, тие остануваат во Скопје и подготвено ќе чекаат евентуален повик од селекторот, доколку е потребно да и се приклучат на репрезентацијата.

Краков ќе биде нашата база во наредните денови, а денеска во нашите ракометари треба да се „запознаат“ и со „Турон“ арената каде ќе ги играат натпреварите од првата фаза.

Македонија во шампионатот ќе го започне утревечер (20.30 часот) со дуелот против топ фаворитот во групата Норвешка, по што во недела и вторник ќе следуваат дуелите со Холандија и Аргентина, двата во терминот од 18 часот.