Во најмасовното англиско фудбалско натпреварување, ФА Купот, на програмата е 4-тата рунда.

Лидерот на табелата во Премиер лигата, тимот на Арсенал на овој меч настапи со комбиниран состав, но тоа не беше проблем да се оствари убедлива победа со 3-0 на гостувањето кај Оксфорд.

Арсенал до победата стигна во вториот дел во период од 13.минути, откако Мохамед Елнени во 63.минута, а Едвард Нкетиа, беше двоен стрелец во 70-тата и 76.минута.

Со оваа победа Арсенал се пласира во 1/16.финалето во кое за противник ќе го има актуелниот англиски првак Манчестер Сити кој во оваа рунда го декласира Челзи со 4-0.

Натпреварот меѓу Сити и Арсенал ќе се игра во Манчестер на 28 јануари.