Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас беше стрелец на гол за својата екипа Наполи во победата над Сампдорија.

Во мечот од 17.коло на Серија А, тимот на Наполи славеше на гостински терен кај Сампдорија со 2:0.

Елмас го постигна вториот гол, во 82.минута од пенал, откако во 19-тата Нигериецот, Виктор Осимхен беше стрелец на првиот.

Наполи со 44 бодови е лидер на табелата, на која Сампдорија е во зоната на испаѓање, односно на 18 место со само 9 освоени бодови.