Во дерби дуелот од 16.коло на шпанската Ла Лига, екипата на Барселона забележа минимална победа со 1-0 на гостувањето во Мадрид кај Атлетико.

Стрелец на единствениот гол беше францускиот репрезентативец Дембеле во 22-та минута од натпреварот.

Иако во продолжението и двете екипи имаа неколку убави моќности за гол, сепак до крајот резултатот остана не променет.

Со трите освоени бодови и вкупно 41, Барса сега е осамена на врвот на табелата, пред се благодарение на „киксот“ на лутиот ривал Реал Мадрид кој на гостувањето кај Виљареал доживеа пораз со 2-1.

Трет е Р. Сосиедад со 32 бодови, а поразот на Атлетико го искористи Бетис кој со победата од 2:1 на гостувањето кај Рајо Ваљекано на нашиот репрезентативен голман Столе Димитриевски, се проби на 4.место со 27 бодови, еден повеќе од Атлетико.