Двата наши претставници во АБА 2 лигата, вечерва (18.30 часот) ќе го отворат 10. првенствено коло

ПРВА ЛИГА-МАЖИ: Увертира на ТФТ и Пелистер за „балонот“ на Златибор

Пред заминувањето за Србија каде во наредниот период ќе имаат обврски во АБА 2 лигата, односно по два натпреварите на турнирот во Златибор (19-23. декември), нашите две екипи репрезенти во ова регионално натпреварување, вечерва ќе ги одмерат силите во рамки на 10.првенствено коло.

Во СРЦ „Кале“ од 18.30 часот (директен пренос на МТВ3), ТФТ го дочекува Пелистер, кој доаѓа во Скопје видно ослабен, со неиграњето на суспендираниот Хаџифејзовиќ, еден од носителите на играта.

Двете еипи се во еден добар, победнички ритам, тоа особено се однесува за гостите од Битола, кои зад себе имаат осум последувателни победи во Првата лига, кои и ги донесоа на делба на првата позиција (заедно со екипата на МЗТ Скопје Аеродром.

По два дена пауза, во сабота следуваат уште четири прволигашки пресметки. Од 18.часот, во салата „Младост“, Гостивар ќе се обиде да се врати во победнички колосек, пред себе ја има екипата на Кожув.

Во победничка низа е екипата на Работнички, која во изминатиот круг не го доигра дуелот со Чаир 203, но ги доби службените бодови, а по нови „црвено-белите“ ќе атакуваат против кавадаречки Еуро Никел 2005, во мечот закажан за 19 часот во СРЦ „Кале“.

Во истиот термин, но во струмички „Парк“, следува дуелот на двете екипи кои се во долниот дел на прволигашката табела, Струмица 2022 и Куманово 2009, додека пак од 19.15 часот, во „Независна Македонија“ во Кисела Вода, Навико Академија ФМП игра против локалниот ривал, Чаир 2030.

Повторно, поради викенд-обврските во АБА лигата (гостување во Задар), МЗТ Скопје Аеродром својот меч од ова десетто коло ќе го одигра во понеделник навечер, од 18.часот, а за противник ја има екипата на Феникс

ОВДЕ СЛЕДИ  СТАТИСТИКА ВО ЖИВО https://fibalivestats.dcd.shared.geniussports.com/u/MSL/2159671/