Во НБА лигата ноќеска се одиграа четири натпревари.


Најнеизвесниот натпревар го одиграат екипите на Јута и Њу Олреанс во кој победникот беше решен по дополнителните пет минути.
„Џезерите“ ја искористија предноста на домашниот терен и славеа со конечни 132-129. Кларксон со 39 и Марканен со 31 поен ја предводеа домашната екипа до триумфот, додека на спротивната страна бадијала беше одличниот настап на Зајон Вилијамсон кој средбата ја заврши со 31 поени и по 8 скокови и асистенции.

Овој пораз го искористи тимот на Мемфис која го декласира Милвоки со убедливи 41 поен разлика. Со триумфот од 142-101 „гризлите“ сега ја презедоа лидерската позиција Западната конференција. Џа Морант со трпл-дабл со 25 поени и по 10 скокови и асистенции го надигра Јанис Антетокуомпо кој броеше до 19 поени.

Во преостанатите два натпревар, гостинските екипи забележаа победи. Мајами славеше на теренот на Хјустон со 111-108, додека Феникс конечно ја прекина серијата од пет порази, совладувајќи го Лос Анџелес Клиперс со 111-95.