КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА | Квалификации
⚽ Екипите на Вардар, Силекс и Работнички ќе ја преставуваат Македонија во 1.коло од квалификациите на Конференциската лига на УЕФА .
⚽ Вицешампионот Силекс е елиминиран од екипата на Дечиќ од Црна Гора. На гостувањето кратовци загубија 0-2, па домашната победа од 2-1 не беше доволна.
⚽ Работнички претрпе два порази од белорускиот Торпедо-Белаз, на гости со 0-3 и дома со 0-1.
⚽ Вардар се сретна со тимот на Ла Фиорита (Сан Марино), кого успеа да го мине благодарение на победата во Скопје со 3-0, а реваншот заврши 2-2.
Во второ коло, Вардар се сретна со Лозана, која во Скопје ја победи со 2-1, но на реваншот во Швајцарија загуби убедливо со 0-5.





















