Денеска и утре ќе се играат натпреварите од претпоследното 32.коло во Првата македонска фудбалска лига. Попладнево на програмата се дуелите што решаваат за шампионскиот трофеј.
Лидерот на табелата Вардар кој има шест бода повеќе од актуелниот првак Шкендија ќе гостува во Струга кај Трим Лум, а тетовци на домашен терен ќе играат против АП Брера.
На вардарци доволен им е еден бод, односно да остана не поразени за да ја освојат титулата, па во последното коло токму против Шкендија да влезат во дербито како шампиони.
Покрај овие два натпревари, за денеска закажан е и дуелот меѓу Силекс и Арсими.
Трите натпревари ќе почнат од 16 часот, термин во кој и во утре (сабота) ќе се играат останатите три дуели.
ПМФЛ – претпоследно 32 коло
15 мај – петок 16 часот
СТРУГА Т.Л. – ВАРДАР
ШКЕНДИЈА – АП БРЕРА
СИЛЕКС – АРСИМИ
16 мај – сабота 16 часот
БАШКИМИ – МАКЕДОНИЈА ЃП
ТИКВЕШ – ПЕЛИСТЕР
ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ































