Никола Зечевиќ е четвртото засилување на ГРК Охрид за наредната сезона. Српскиот репрезентативец потпиша со ГРК Охрид миниум до 2028.

Тој игра на позицијата лев бек, има 24 години (200 cm) и ќе го носи дресот со бр.31 од следната сезона.

„Многу сум среќен и со нетрпение го очекувам мојот прв настап во дресот на Охрид.

Не ми беше тешко да ја донесам оваа одлука и да ставам потпис со клубот, со оглед на големите амбиции на клубот кој расте од ден на ден на чело со тренерот Ројевиќ, кого го познавам долги години.

Едвај чекам да заиграм пред охридската публика која прави неверојатна атмосфера и се надевам дека ќе ги оправдам очекувањата на сите луѓе во клубот и секако на навивачите и убеден сум дека заедно ќе ги исполниме зацртаните цели“,

изјави Никола Зечевиќ.

Доаѓа од шампионот на Србија, РК Партизан каде што игра одлична улога и во двата правци и заслужено ја носеше капитенската лента во овој тим. Со своите одлични игри се наметнува во првите 16 за националниот тим на Србија каде што има повеќе репрезентативни настапи.

Охриѓани го живеат својот сон сезонава, во која до крајот им претстои и најголемиот натпревар за нив. Тие против унгарската екипа Татабања ќе атакуваат на трофејот во ЕХФ Европскиот куп. Натпреварите ќе се играат на 23 или 24 мај во Унгарија, а реваншот во Охрид е седум дена подоцна (30-31 мај).

Следете нé на социјалните мрежи