Тимот на Њујорк Никс е првиот конференциски финалист во НБА плеј-офот. Минесота и Сан Антонио ќе водат жестока борба за влез во финалето. Ова е исходот по синоќешните два одиграни натпревари во полуфиналната конференциска рунад на НБА лигата.
Тимот на Њујорк како и лани пак се пласифа во финалето на Источната конференција, Никси со убедливи 4:0 во победи ја елиминираа Филаделфија која ноќеска ја декласираа со 30 поени разлика 144-114. Тимот постави рекорд со 25 постигнати тројки на еден натпревар, а најмногу имаше Бронсон шест, завршувајки го натпреварот со 22 поени.
Њујорк во финалето за противник ќе го има подобриот од дуелот Детроит против Кливленд.
Во Запандтата конференција, екипата н Минесота ја израмнија серијата против Сан Антонио на 2-2 во победи.
До триумфот Тимбервулфс стигнаа благодарение на исклучувањето на Виктор Вембањама во втората четвртина поради. Сан Антонио немаш адекватна замена за Французинот па загуби со 114-109.
Ентони Едвардс ја презеде лидерската улога со 36 поени, од кои 16 во последната четвртина. Во отсуството на Вембањама кај Спарс најефикасени беа Фокс и Харпер кои постигнаа по 24 поени.


























