Со трите натпревари што ќе се играат попладнево ќе биде комплетирано 31 коло во Првата фудбалска лига.

Ако вчера се играа дуелите да шампионскиот трофеј, денеска тоа се дуели за опстанок.

Пет од шесте екипи кои ќе играат денеска се во опасната зона. Исклучок до некаде е Тиквеш кој веќе има голема бодовна предност во однос на останатите.

Затоа: Работнички, Македонија Ѓорче Петров, АП Брера, Арсими, па и Башкими, сеуште се „висат“.

Иако Арсими и Башкими се во зоната за опстанок, нивната бодовна предност во однос на Пелистер и АП Брера е мала. Затоа бодовите во нивниот меѓусебен дуел се важни, како мирно би ги сочекале последните две кола.

„Лавовите“ од Ѓорче Петров ги чека тежок натпревар со Тиквеш , во веројатно последната шанса за да изборат барем бараж.

Во иста ситуација „последна шанса“ е и Работнички кој го чека гостување во Струмица кај АП Брера. Тимот од скопско Дербармаало едноставно мора да победи во спротивно уште денеска официјално ќе му се приклучи на Шкупи.

Сите три натпревари ќе почнат од 16 часот.

ПРВА ЛИГА – 31 КОЛО

Недела 10 мај 16 часот
МАКЕДОНИЈА ЃП – ТИКВЕШ
АП БРЕРА – РАБОТНИЧКИ
АРСИМИ – БАШКИМИ
вчера
ВАРДАР – СИЛЕКС 2-1
ШКЕНДИЈА – СТРУГА Т.Л. 3-1
ПЕЛИСТЕР – ШКУПИ 7-0

Standings provided by Sofascore