Охриѓани за прв пат се радуваат на победа против скопски Вардар.
Во натпревар од 8.коло на плеј-оф конкуренцијата во ракометната Супер лига ќ, Охрид го победи новиот шампион Вардар со 26-24.
Првото полувреме мина во израмнета игра а за нијанса подобар беше новиот шампион. Вардар на одмор замина со два гола предност (12-14). Гостите од Скопје имаа и +4 на почетокот на вториот дел кога водеа со 12-16. Но, тука застанаа. Охриѓани направија голем пресврт со серијата од 9-1 за водство од 21-17. Тоа се покажа повеќе од доволно за прв триумф на Охрид против Вардар.
Во вториот денешен натпревар, Алкалоид ја потврди фаворитската улога на гостувањето во Кавадарци кај Тиквеш. Тимот од Автокоманда до победата 23-30 стигна во втората половина на второто полувреме.
Потсетување дека вчера, Еурофарм Пелистер беше подобар од Бутел.
На табелата нема промени. Вардар до крај ќе остане прв, а Охрид кој е втор има два бода повеќе од Еурофарм Пелистер. Тимот на Алкалоид ќе заврши како четврти бидејќи заостанува шест бода зад битолчани.


































