Викендов во кошаркарскиот шампионат на Македонија во женска конкуренција на програмата се реванш натпреварите од четвртфиналната рунда.

Иако играат на гостински терен, кошаркарките на Бадел кои се актуелни бранителки на шампионскиот трофеј, како и составот на Баскет Кам, важат за апсолутни фаворитки во дуелите со Гризли и Пробаскет, па уште денеска моќе да очекуваме овие два тима да обезбедат полуфинале.

До него на домашен терен ќе се обидат да стигнат кошаркарките на Струга и МЗТ Скопје Аеродром кои во првите средби против Крива Паланка и Вардар забележаа победи на гости.

ПЛЕЈ-ОФ ЧЕТВРТФИНАЛЕ ВТОР НАТПРЕВАР
САБОТА
13:00 (8) ПРОБАСКЕТ – (1) БАСКЕТ КАМ (0-1 во победи)
12:00 (7) ГРИЗЛИ – (2) БАДЕЛ (0-1 во победи)
18:30 (6) СТРУГА – (3) КРИВА ПАЛАНКА (1-0 во победи)
НЕДЕЛА
18:00 (5) МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – (4) ВАРДАР (1-0 во победи)

*Се игра во двa добиени натпревари

ПОЛУФИНАЛЕ
Победник 1 – Победник 4
Победник 2 – Победник 3