Во Првата машка кошаркарска лига од денеска до понеделник ќе се играат натпреварите од претпоследното 21-коло.

Дербито ќе се игра вечерва во Битола, каде Пелистер го пречекува составот на ТФТ Скопје во пресметката за второто место на табелата.

Шанса од „позадина“ за подобар пласман пред разигрувањето ќе чекаат кошаркарите на Гостивар кои се во одлична серија, а кои денеска гостуваат во Гевгелија, кај Кожув пак неможе погоре од осмата позиција.

Утре на програмата се три средби од кои две се директни дуели на екипите кои во продолжението на сезоната ќе разигруваат за опстанок.

Поради настапот на МЗТ Скопје во регионалната АБА лига последниот меч ќе се игра во понеделник

КОШАРКА ПРВА ЛИГА – ПРЕТПОСЛЕДНО 21.КОЛО
САБОТА
18:00 КОЖУВ – ГОСТИВАР
20:30 ПЕЛИСТЕР – ТФТ МОЦАРТ
НЕДЕЛА
18:00 КУМАНОВО – СТРУМИЦА
21:00 ЧАИР – АКАДЕМИЈА ФМП
18:00 ЕУРО НИКЕЛ – РАБОТНИЧКИ (ТВ МРТ3)
ПОНЕДЕЛНИК
18:00 ФЕНИКС – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ

# ТАБЕЛА БОД ПОБ ПОР
1 МЗТ СКОПЈЕ А. 38 18 2
2 ПЕЛИСТЕР 36 16 4
3 ТФТ MОЦАР 34 14 6
4 ГОСТИВАР 34 14 6
5 РАБОТНИЧКИ 32 12 8
6 ФЕНИКС 31 11 9
7 ЕУРО НИКЕЛ 31 11 9
8 КОЖУВ 28 8 12
9 ЧАИР 24 5 15
10 АКАДЕМИЈА ФМП 25 5 15
11 КУМАНОВО 24 4 15
12 СТРУМИЦА 22 2 18