Екипата на Арсенал е првата која обезбеди пласман во финалето на фудбалската лига на шампиони.

Ова откако вечерва во Лондон во реванш полуфиналниот натпревар, Арсенал го победи Атлетико со 109. Првиот меч во Шпанија заврши без победник 1-1.

Во првиот дел двата тима играа отворено. Домаќините за нијанса беа по конкретни по голот на Атлетико, но на гол се чекаше се до самиот финиш. Во 45.минута по ударот на Тросар, голманот Облак кратко ја одби топката на која натрча сака и ја смести во мрежата на Атлетико за водство на Арсенал од 1-0.

На почетокот на вториот дел, Атлетико се закани два пати, преку Симеоне и Гризман, но резултатот остана не променет. Во 67.минута Ѓоќереш можеше да постигне втор гол за домаќините, но не бранет од никој од 11 метри биеше над голот. Иако до крајот се водеше „војна“ на теренот и крај него, сепак ниту една од екипите не успеа да постигне бов гол.

Така Арсенал, по 20 години за повторно е во финалето во елитното натпреварување. Во единственото досега. лондонскиот тим во 2006 година беше поразен од Барселона со 1-2.

Кој ќе биде противникот на Арсенал во финалето што ќе се игра во Будимпешта, ќе дознаеме утревечер. Во Минхен, Баерн ќе треба да надополни гол негатива во дуелот против Париз Сен Жермен. Бранителот на трофејот ПСЖ на првиот меч во Париз славеше со 5-4.

Следете нé на социјалните мрежи