Желбата за полуфинале во ЕХФ Европската лига, кај вардарци и нивните навивачи сигурно е голема. За да се оствари целта ќе треба избраниците на Иван Чупиќ да се надминат себеси, во реванш четвртфиналето со францускиот Монпелје.
На првиот натпревар во Франција што Вардар го загуби со 10 голови разлика, не настапија двајцата „бомбардери“, Јака Малус и Дмитро Хориха.
На утрешниот реванш, Вардар ќе биде посилен за овие двајца ракометари. Тие ќе бидат во тимот на Чупиќ кој утре ќе истрча на теренот во СЦ „Јане Сандански“ од 20.45 часот.
„Утре сите ќе бидат во состав. Некои не тренираа до вчера, но работеа со тимот.
Ќе видиме колку и дали ќе можат да го следат интензитетот на натпреварот, објасни Иван Чупиќ.
Сепак, останува да се види колку Малкус и Хориха се рехабилитирани и колку ќе помогнат.



































