Ракометарите на Охрид изборија историско финале , второ за Македонија и тоа во низа во ЕХФ Европскиот куп.

Охриѓани пред својата публика, во преполната сала „Билјанини извори“, го совладаа словенечкиот Целје во реванш полуфиналниот дуел. Откако на првиот меч во Словенија загубија минимално со 26-27, вечерва ракометарите на Охрид славеше со 4-3 по изведување на седмерци (25-24).

Првото полувреме мина во израмнета играа во која ниту една од екипите не успеа резултатски да се одлепи. Иако гостите го отворија натпреварот со два врзани гола, сепак охриѓани брзо ги консолидираа редовите. Избраниците на Ројевиќ поведоа со 4-3, но противникот не дозволуваше македонскиот тим да направи поголема разлика. Пилиповиќ беше одличен на голот на охриѓани завршувајќи го првиот дел со седум одбрани. Затоа на паузата меѓу двете полувремиња се замина со израмнети 11-11.

Пилиповиќ е јунакот на Охрид

Во вториот дел, на сцена покрај Пилиповиќ на голот на Охрид, стапи и вториот чувар на мрежата на Целје, Млакар.

Охриѓани беа они кои имаа гол предност, а имаа пет шанси (три зицери) да два гола позитива. Но голманот Млакар. Во 44.минута при резултат 14-14, полските судии не признаа чист гол на охриѓани (Стрмљан), а на спротивната страна гостите од седмерец поведоа со 14-15. Во завршните две минути се влезе со израмнет резултат 22-22, а гостите имаа и ракометар помалку. На 10.секунди пред крајот Јапиќ постигна гол за два разлика 25-23, но во последната секунда Анџиќ постигна гол за 25-24. Целје така се избори за изведување на седмерци.

Во пенал „рулетот“, Пилиповиќ го одбрани првиот удар на противникот. Во четвртата Иванковиќ не реализира за Охрид, а во последната Макуц не реализира за гостите, па охриѓани можеа да слават со конечни и вкупни 29-27.

Голманот Пилиповиќ со 15 одбрани е јунакот на Охрид, за кој Јапонецот, Јасухира постигна девет,м а Стрмљан седум гола.

Така Охрид избори историско финале во кое за трофејот ќе се бори со унгарскиот тим Татабања. Потсетување дека лани трофејот во ова натпреварување го освои тимот на Алкалоид.

Следете нé на социјалните мрежи