Сезоната во женското македонско одбојкарско првенство влегува во последната фаза. Денеска стартува финалната серија во која двете најдобри екипи ја почнуваат борбата за шампионскиот трофеј.
За титулата ќе се борат одбојкарките на Наковски волеј и скопски Работнички.
Двата тима, лесно во два меча, ги минаа противниците во полуфиналната серија. Струмичката екипа на Наковски волеј го елиминира актуелниот шампион Јанта волеј, а Работнички беше подобар од Младост УГД.
Одбојкарките на финалистите добро се познаваат меѓусебно, па тешко ќе биде да се направи некакво изненадување во нивните меѓусебни дуели. А, ќе ги има најмалку три, бидејќи серијата се игра на три победи.
Првиот меч ќе се игра попладнево во Струмица, а ќе почне од 18 часот.
































