Манчестер Сити обезбеди пласман во големото финале на ФА Купот по неверојатниот пресврт и победата од 2-1 против Саутемптон.
Иако „граѓаните“ доминираа во текот на целиот меч, второлигашот прв го шокираше фаворитот. Саутемптон поведе со прекрасен гол на Фин Азаз во 79-тата минута. Радоста на аутсајдерот траеше кратко бидејќи Џереми Доку израмни само три минути подоцна. Целосниот пресврт и билетот за финалето го донесе Нико Гонзалес со вистински „проектил“ од далечина во 87-мата минута.
Ова е четврто последователно финале во најстарото фудбалско натпреварување за избраниците на Пеп Гвардиола кои продолжуваат да се борат за трофеи.
Сити сега го чекаат својот противник кој ќе биде познат по одигрувањето на вториот полуфинален натпревар утре меѓу Челси и Лидс.
Финалето на ФА Купот е закажано за 16 мај.





































