Ракометарите на Вардар славеа нова победа во Суперлигашката конкуренција и го прославија 65-тиот роденден.

Триумфот над Алкалоид со 30-27 , на црвено-црните и значи освојување на шампионскиот трофеј . Ова е повеќе од реално иако теоретски може да не биде така. Но, за тоа да се случи, Вардар ќе треба да ги загуби сите преостанати четири натпревари, а Еурофарм Пелистер да ги добие сите пет. Меѓу нив и гостувањето во Скопје во следното коло против Вардар.

Што се однесува до денешниот дуел со Алкалоид, вардарци безмалку цел натпревар беа во водство. Исклучок воведните пет минути кога тимот од Автокоманда имаше во три наврати гол предност.

Вардар сега има 10 бодови повеќе од Охрид и Еурофарм Пелистер. Тимот на Алкалоид останува четврти со четири бода помалку од охриѓани и битолчани кои допрва треба да ги играат натпреварите од оваа рунда.