Во првата скопска гимназија СУГС „Јосип Броз Тито“, денеска Македонскиот олимписки комитет (МОК) го одбележа 6-ти Април „Меѓународниот ден на спортот за развој и мир“.
На овој глобален спортски настан кој се одржува во 206 држави, Националните олимписки комитети во партнерство со образовните и државните институции го одбележуваат овој ден.
На овој свечен настан, Претседателот на МОК, М-р Даниел Димевски заедно со директорот на СУГС “Ј.Б.Т.“, Силвана Кржовска, заменик градоначалник на Град Скопје, г-дин Александар Трајановски, претседателот на Федерацијата за училиштен спорт, проф. Александар Туфекчиевски, доделија на голем број на млади спортисти дипломи за постигнати врвни спортски резултати, а беа организирани и голем број на спортски натпревари.
Претседателот на МОК, М-р Даниел Димевски во својот говор ја нагласи уникатната моќ на спортот и посебно на Олимписките игри и Олимпиското движење во насока на обединување на луѓето на глобално ниво, а во исто време додели донација во спортска опрема на СУГС „Јосип Броз Тито“.