МЗТ Скопје Аеродром оствари доминантна победа над Тиквеш Кавадарци со 102-77 во рамките на ТОП-6 фазата од кошаркарска Супер лига.

Актуелниот шампион ја презеде контролата врз играта уште во почетните минути и не му дозволи на противникот да се надева на изненадување. Првата четвртина донесе израмнета борба, но „металците“ брзо ја наметнаа својата препознатлива агресивна игра во одбраната. Клучната предност домашниот состав ја изгради во вториот период. Сино-белите го добија со високи 13.поени разлика за мирен одмор.

Кошаркарите на Тиквеш имаа потешкотии да го запрат протокот на топката на противникот, што резултираше со многу отворени шутеви за МЗТ. Во второто полувреме, фаворитот само рутински ја зголемуваше предноста, достигнувајќи ја границата од над сто постигнати поени до самиот крај.

Најефикасен кај МЗТ Скопје беше Џуан Дејвис со постигнати 22 поени, додека Војдан Стојановски додаде 16 поени. Во редовите на гостинскиот тим од Кавадарци најмногу се истакнаа Грин со 19 поени и Милков со 14 постигнати поени.

Со овој триумф МЗТ Скопје кратко е прв на табелата со бод повеќе од ТФТ кој во петок ќе му гостува на Пелистер (кој е трет) во дербито.

СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) – ПЛЕЈ-ОФ 3 КОЛО

Вторник
МЗТ СКОПЈЕ A. – ТИКВЕШ 102-77
Среда
17.00 МАЏАРИ – КОЖУВ
Петок
19.00 ПЕЛИСТЕР – ТФТ

Standings provided by Sofascore