Струмица деновиве е во фокусот на вниманието на македонската спортска, пред се ракометна, јавност. Таму се одржува завршницата на годинашното издание на ракометниот Куп на Македонија во двете конкуренции.
Денеска на програмата се финалните натпревари, по кои ќе бидат доделени првите трофеи за сезонава.
Ѓорче Петров – Спартак (17 часот)
Први на теренот во салата „Парк“ ќе истрчаат ракометарките. Во мечот за куп трофејот пријатното изненадување Спартак ќе го предизвика бранителот Ѓорче Петров. „Лавиците“ од Ѓорче ќе го играат своето трето последователно финале, а „спартанките“ првото. Тимот на Ѓорче Петрив е најуспешниот кога во прашање е освојувањето на Куп трофејот со 18 титули.
Ѓорчепетровки важат за фаворитки, но тоа ќе треба да го потврдат на теренот, во натпреварот што ќе почне од 17 часот.
Вардар – Охрид (20 часот)
Три часа подоцна (20) ќе стартува машкото финале. Во него пак за пехарот ќе се борат предизвикувачот Охрид и бранителот Вардар.
Вардарци веќе 11-та година во низа играат во финалниот меч. На последните пет тие четири пати го победуваа битолски пелистер, а загубија само пред две години од Алкалоид. Црвено-црните ќе атакуваат на 18-тиот трофеј во ова натпреварување, а впрочем тие се најуспешниот тим во Купот на Македонија.
Од друга страна, тимот на Охрид кој со двете врзани победи над актуелниот првак Еурофарм Пелистер, покажа дека имаа голем капацитет, верува во својот сон. Тоа е освојување на првиот пехар во клупската историја. Охриѓани досега немаат трофеј, а дали тоа ќе се случи денеска останува да видиме.
Двата финални натпревари во Купот на Македонија може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇👇👇




























