Денвер Нагетс ги победија Минесота Тимбервулвс во првиот натпревар од воведното коло од плеј-офот за шампионската титула во НБА. Нагетси славеа на домашен терен со 116:105, а повторно во фокусот на вниманието беше Никола Јокиќ.
Српскиот центар, дуелот го заврши со троен ефект, постигнувајќи 25 поени, на кои додаде 13 скока и 11 асистенции. И овојпат Јокиќ имаше поддршка од Џамал Мареј , кој беше прв стрелец 30 поени, како и Арон Гордон кој заврпи со 17 поени и осум скока.
Следниот натпревар во истата сала е закажан за ноќта од понеделник кон вторник од 4:30 часот по полноќ.
Во вториот натпревар под Западната конференција, ЛА Лејкер славеше над Хјустон со 107-98.
Во отсуство на повредениот Лука Дончиќ, тимот од Лос Анџелес мораше да се потпре на искуството на Леброн Џејмс. Тој натпреварот го заврши со 19 поени, 13 скокови и 8 асистенции. Двоен ефект измешаше и Ејтон со 19 поени и 11 скокови, а прв стрелец на Лејкерси беше Кенард со 27 поени.
На дуелите од Истпчната конференција победи ба домашните тимови.
Њујорк Никсс го совладаа составот на Атланта со 113-102. Тандемот Бронсон-Таунс искомбинира 53 поени, првиот постигна 28, а вториот 25.
Екипата на Кливленд го совлада Торонто со 126-113, а прв стрелец беше Донован Мичел со 32 поени.




































