По кратка пауза продолжија возбудувањата во НБА лигата, и тоа со оној најинтереснен дел, разигрувањето за титулата.

Познати се нови два тика што ќе играат во плеј-офот, а тоа се екипите на Портланд и Шарлот.

Супер интересен беше натпреварот од Источната конференција одигран во Шарлот кој беше решен по продолжение. На задоволство на домашните навивачи, нивните кошаркари славеа над Мајами со 127-126.

Херој во регуларниот дел беше Коби Вајт кој реализира три тројки во серијата со која Хорнетс стигнаа до израмнување. Мајами имаше напад за победа на Хирол не успеа да реализира па се влезе во продолжение. Во финишот на дополнувањето Ламело Бол погоди за водство на Шарлот, а на спротивната страна Бриџис го стигна Мичел за да го блокира, предизвикувајќи лудо славње во арената.

Бол натпреварот го заврши со 30 поени и 10 асистенции, Бриџис додаде 28 поени, а Милет 23 во победничката екипа. Шарлот ќе игра со поразениот од вечервашниот натпревар помеѓу Филаделфија и Орландо за место во плејо-фот.

Во Западната конференција, на чекор до плеј-офот е екипата на Портланд.

Трејлблејзерси надополнија негативата од 11 поени во последната четвртина, и го совлада Феникс со 114-110 и тоа на гостински терен. Дени Авдија беше јунакот на гостинскиот тим со постигнати 41 поен на кои додаде 12 скокови и седум асистенции. Холидеј помогна со 21, а Грант со 16 поени.

Феникс сега ќе играат за осмото место на Западот против поразениот од дуелот меѓу Голден Стејт или со Лос Анџелес Клиперс.