Екипата на Атлетико Мадрид се пласира во полуфиналето на Лигата на шампионите елиминирајќи ја Барселона во четвртфиналната рунда.
Шпанското дерби на „Метрополитано“ донесе фантастичен фудбал, полн со голови, жестоки стартови, па и крв. Иако Барселона победи со 1-2, сепак фудбалерите и навивачите на Атлетико беа оние кои се радуваа. Победата од 0-2 на првиот меч на „Камп Ноу“ го одведе Атлетико меѓу четирите најдобри.
Гостите од Барселона имаа одличен старт и веќе во 4.минута поведоа со голот на Ламин Јамал. Во 24-тата минута Феран Торес погоди за 0-2, со што ја анулира негативата од првиот меч на „Камп Ноу“. Две минути подоцна Фермин беше сам пред домашниот голман Мусо, но не успеа да го совлада. Воедно фудбалерот на Барса заработи и скршеница на носот, но но продолжи натпреварот.
Тоа како да ги разбуди домаќините, па Лукман во 31.минута намали на 1-2 и ја врати предноста во полза на Атлетико. Иако се играше отворени и напаѓачки, промена на резултатот до крајот на полувремето немаше.
Се играше десеттата минута од вториот дел (55) кога Феран Торес втор пат ја затресе мрежата на Атлетико. Сепак по долгото прегледување на ВАР снимката, голот беше поништен поради офсајд. Во 78.минута Барселона остана со играч помалку откако Ерик Гарсија заработи директен црвен картон.

И со играч помалку Барса се обидуваше да стигне до нов гол. Најголемата шанса ја имаше Араухо во седмата минута од дополнувањето (90+7), кога со глава биеше неколку сантиметри над голот.
Така екипата на Атлетико Мадрид ќе го чека исходот од утрешниот дуел во Лондон. Таму Арсенал со гол предност ќе го пречека португалскиот првак Спортинг Лисабон.
































