Македонската женска ракометна репрезентација завери билет за Европското првенство. Ова ќе биде осмо учество за нашите ракометарки на континенталните собири и трето во низа.

Иако на последниот меч беа поразени од Словенија, девојките одат на ЕП како една од најдобрите третопласирани селекции.

По мечот во Велење, тие направија фотографија за историја и порачаа: „Се гледаме на Европско!“.

Покрај Македонија, на првенството преку рангирањето се пласираа и селекциите на Исланд, Украина и Грција. Исланд освои два бода на мини-табелата, додека останатите тимови имаа подобра гол-разлика од Финска и Италија.

Списокот на патници го комплетираа Австрија и Србија со победи во последниот круг. Шампионатот ќе се одржи од 3 до 20 декември во пет различни земји.

Домаќини на најдобрите ракометарки ќе бидат Полска, Романија, Чешка, Словачка и Турција. Нашите девојки заслужено се најдоа во ова одбрано друштво.

Ивона Кимовска