Леброн Џејмс повторно е во центарот на вниманието. Ова стана јасно откако тимот на ЛА Лејкерс останаа без повредите на Лука Дончиќ и Остин Ривс, главните носители на на играта во нападот.
Тимот кој изгледаше како сериозен кандидат за висок пласман, сега зависи од 41-годишниот ветеран, најдобриот стрелец во историјата на НБА. Џејмс мора да ја преземе улогата што многумина мислеа дека ја остави зад себе.
„ Секогаш сум подготвен да направам што е потребно за мојот тим,“ изјави кратко Џејмс.
Лејкерси имаа импресивен резултат од 16-2 во март и ја освоија Пацифичката дивизија. Но повредите ги променија сите очекувања и ја намалија нивната сила.
Првиот натпревар од плејофот против Хјустон Рокетс ќе биде тест за издржливоста на Џејмс. Тој ќе се обиде да ги одржи Лејкерси конкурентни додека Дончиќ и Ривс закрепнуваат.




































