Македонскиот кошаркарски вицешампион ТФТ прави голем чекор кон пласман во финалето на АБА2 лигата.

Кошаркарите на ТФТ поведоа со 1:0 во победи во полуфиналната серија со црногорската екипа на Сутјеска. Тимот од скопско Тафталиџе, вечерва на гостувањето во Никшиќ славеше со 88-93.

Најефикасен во победничката екипа на ТФТ беше макеоднскиот репрезентативец Виктор Ташовски кој постигна 28 пени, а додаде и шест асистенции.

Реванш натпреварот во Скопје ќе се игра во среда, 15 април. Пласман во финалето ќе обезбеди тимот кој ќе оствари две победи.