Женската ракометна репрезентација на Македонија ја чекаат последните два натпревари во квалификациите за Европското првенство.
Македонските ракометарки ќе ги играат дуелите со Германија (дома) и Словенија (гости). Во нив ќе се бркаат бодови за да се обезбеди настап на шампионатот што ќе се одржи кон крајот на годинава. Селекторот Кристијан Грчевски го објави списокот на ракометарки на кои ќе смета за овие натпревари.
Собирот ќе се одржи на 06.04.2026 (понеделник) во Хотел Александар Палас, во Скопје во 9:30 часот.
СПИСОК НА ПОВИКАНИ РАКОМЕТАРКИ

Првиот натпревар македонските ракометарки ќе го играат на домашен терен во СЦ „Борис Трајковски“ на 8 април (18 часот) кога ќе ја пречекаат Германија. Квалификациите ќе ги затвориме на 12 април со гостувањето во Велење кај Словенија (18 часот).





































