Неуспешниот обид да се остане во игра за историски настап на Мундијалот, македонските фудбалери ќе го заокружат со уште еден натпревар. По дебаклот од Данска во полуфиналето, Македонија ја чека дуел со Република Ирска во Даблин.

Ирците на гостувањето кај Чепка имаа водство од два гола по 23.минути игра. Водеа се до 85-тата, но на крајот беа совладани. Дуелот заврши 2-2 во регуларниот дел, а немаше голови и во дополнителните 30 минути.

Во пенал „рулетот“ Чесите беа подобри и тоа благодарение на голманот Матеј Ковар кој одбрани два пенали на Ирците.

Така Чесите и Данците во меѓусебен дуел ќе решаваат за патникот на Мундијалот. А, селекциите на Македонија и Р.Ирска ќе играат „за бакнежи“.

Тој натпревар ќе се игра во Даблин.