Македонија претрпе вистински дебакл во најважниот натпревар на оваа генерација фудбалери. На гостувањето во Данска, пораз од 4-0 на македонските фудбалери за крај на сонот наречен настан на Светското првенство.
Со еден конкретен шут и тоа метар-два од голот на противникот, и фантастичниот Столе Димитриевски, македонската селекција може да биде „задоволна“ што од Копенхаген не замина со повеќе од четири примени голови.
Но, новиот селектор Гоце Седлоски е „задоволен“ од прикажаното во првиот дел во кој ниту еднаш не го загрозиме противничкиот гол. Тој период едноставно мина во т,н. „викторија“ со доминација на Данците на половината на Македонија.
„Честитки за данската репрезентација за заслужената победа.
Задоволен сум од првото полувреме, но ни се случи раниот гол во второто полувреме“,
ја започна официјалната прес-конференција по натпреварот селекторот Седлоски.
За концептот на поставената игра и изборот на фудбалери од почетокот на натпреварот селекторот додаде.
„Тимот беше со фудбалери кои се стандардни во клубовите и верував во нив. Сега не сакам да анализирам.
Зошто така паднавме, ќе треба да се поразговара со играчите. Сигурно дека во иднина ќе има промени во тимот.
Формацијата што ја работевме овие денови, таа и ја искористивме. Нивните крилни играчи се многу опасни“, истакна Седлоски.
Македонската селекција ја чека уште еден натпревар, без натпреварувачки карактер, повеќе „ревијален“.
Противник ќе биде селекцијата на Република Ирска која вечерва на гостувањето кај Чешка, иако водеше со 0-2, загуби на пенали, откако по 120.минути резултатот беше 2-2.


































