Одамна не паметиме полошо издание на македонската фудбалска репрезентација, а тоа дојде во најважниот дуел. Без концепт, без идеја и без желба, Македонија и не може против Данска.
Во полуфиналниот бараж за Светското првенство, Македонија на гостувањето во Копенхаген кај Данска загуби со убедливи 4-0.
Во првиот дел домаќините беа оние кои доминираа и создадоа неколку шанси. Сепак, благодарение на Столе Димитриевски, резултатот по 45.минути остана почетниот 0-0.
Првата ја имаше Хојберг во 24.минута. Тој биеше од 20-тина метри, но Димитриевски со прекрасна парада успеа да ја сочува нашата мрежа. Во 38.минута од далечина се обиде и Бах, но неговиот удар заври крај голот на Димитриевски. Само три минути подоцна малку фалеше Данците да поведат, но повторно Димитриевски спасуваше.
Не требаше многу домаќинот во вториот дел, офанзивната игра да ја круниса со три гола и тоа за само девет минути. Во 49-тата минута Дамсгард ја казни нерешителноста на нашата одбрана за водство на Данска од 1-0. Во 55.минута го видовме првиот обид на Македонија кон данскиот гол, Но, ударот од далечина на капитенот Барди заврши метар-два од домашниот гол.
А, потоа на сцена стапи Кристијан Исаксен. Фудбалерот на италијанскиот Лацио со два гола за деведесетина секунди (57 и 58) минута зголеми на 3-0. И тука не беше крајот на маките на македонските фудбалери. Кристијан Норгард играчот на англискиот Арсенал во 76.минута беше стрелец на четвртиот гол за домаќините.
Така Македонија останува да сонува за настап на фудбалскиот Мундијал!!!
А, тој сон очигледно, ќе трае уште многу, многу подолго. Ова имајќи во предвид дека, оваа генерација полека ќе заминува. А!? Кој ќе ја наследи!? Е, тоа според резултатите на младинските селекции (У21, У19, У17 години), тешко дека и најголемите оптимисти би можеле да дадат одговор.
Ние Мундијалот ќе го гледаме на телевизија, секој со свој фаворит, а Данците ќе се надеваат на настап.





























