Најголемото македонско кошаркарско дерби, секако е, дуелот меѓу градските ривали МЗТ Скопје Аеродром и Работнички.
Токму тој натпревар ќе го одбележи 21 коло во машката Супер лига кое на програмата е претстојниот викенд.
Од таборот на актуелниот шампион МЗТ Скопје го потврдија терминот на одигрување на дербито. Натпреварот што ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ е закажан за во недела (29 март) од 19 часот.
Ова ќе биде исклучително важен натпревар за двата тима во завршпницата од лигашкиот дел од сезоната.
Аеродромци по поразот од Кожув во саботата, се втори на табелата, со бод помалку од лидерот ТФТ. еден бод помалку од конкурентите има и Работнички кој е деветти и се надева на пласман во плеј-офот.
Standings provided by Sofascore


































