Денеска ќе се играат три натпревари во ракометниот Куп на Македонија во женска конкуренција.
На програмата се натпревари од четвртфиналната рунда по кои ќе ги дознаеме првите учесници на завршниот „фајнал-фор“ турнир.
Попладнево ќе играат:
17:00 ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – ЧАИР
18:30 СПАРТАК – АТЛЕТИК
19:00 ПЕЛИСТЕР – КУМАНОВО
Списокот, формално, ќе биде комплетиран во сабота за кога е закажан дуелот меѓу двете екипи на Ѓорче Петров, во кој првиот, шампионскиот, тим секако е апсолутен фаворит. Тој натпревар ќе се игра во терминот од 18.30 часот.
Потсетување дека кај мажите веќе се познати учесниците на „фајнал-форот“ што ќе се игра во Струмица од од 17 и 19 април. Таму Вардар ќе го брани трофејот, а предизвикувачи ќе бидат Еурофарм Пелистер, Охрид и Алкалоид.



































