Фудбалската репрезентација на Македоија, попладнево со чартер лет од Скопје заминува за Копенхаген.

Таму во четврток „црвено-жолтите“ ќе го играат бараж дуелот против Данска во квалификациите за Светското првенство што ќе се одржи летово.

Позитивната атмосфера денеска е дополнително збогатена со присеќавањето на 2022-година и дуелот во Палермо. Имено на денешен ден Македонија во баражот за Мундијалот тогаш ја совлада Италија со 1-0, со голот на Александар Трајковски.

Токму со тие позитивни мисли македонската фудбалска експедиција замина за Данска.

Репрезентацијата предводена од новиот селектор Гоце Седлоски утре ќе одржи двата тренинга. Оној вториот ќе биде на теренот на „Паркен стадионот“, каде ќе се игра натпреварот со Данците.

Пред играчите да се „запознаа“ со „мегданот“ ќе биде одржана и официјалната прес-конференција.

Дуелот меѓу Данска и Македонија ќе се игра во четврток со почеток од 20.45 часот.