Фудбалската репрезентација на Македонија втор пат во својата историја има шанса да обезбеди настап на Светското првенства.

Во 2022 година Македонија ја делеше една победа од Мундијалот. Откако во полуфиналнитот бараж ја исфрлифме Италијам во финалето „рисовите“ беа поразени од Портиугалија.

И сега на патот на Мундијалот во САД, Канада и Мексико, репрезентацијата на Македонија ја делат две победи. Со нов предводник, селекторот Гоце Седлоски, и голем дел од фудбалерите кои играат и пред четири години, Македонија ќе се обиде да испише историја.

„Операцијата Светското првенство“ стартување денеска, кога селекторот Седлоски ја направи првата прозивка и го направи првиот тренинг. Позитивното расположение е видливо во таборот на црвено-жолтите чија прва пречка ќе биде Данска.

Полуфиналниот бараж натпревар меѓу Данска и Македонија се игра на 26 март на „Паркен стадионот“ во Копенхаген.

Доколку македонските фудбалери успеат да ги минат Данците, тогаш ќе играат уште еден натпревар. Финалниот ќе биде со подобрата селекција од дуелот Чешка и Република Ирска. Tој натпревар ќе се игра на 31 март, и тоа на повторно на гостински терен.