Одбојкарките на Работнички остварија важна победа дербото против шампонот Јанта Волеј, а во директниот дуел за третото место на табелата. Натпреварот од последното коло во женската Прва лига заврши со резултат 3:1 во сетови за гостинскиот тим.
Градските ривали водеа исцрпувачка битка во текот на целиот меч за подобра стартна позиција пред почетокот на плејофот. Работнички го доби првиот сет со тесни 27:25, додека домаќинките возвратија во вториот сет со идентични 25:23.
Гостинките покажаа поголема концентрација во финишот и ги освоија наредните два сета со 25:18 и 25:21.
Тамара Стојанова беше најефикасна на теренот со фантастични 26 поени и ја предводеше својата екипа до триумф. Марија Василевска додаде значајни 16 поени, со што даде голем придонес во освојувањето на важните три бода.
Кај тимот на Јанта Волеј најмногу се истакна Мери Бошковска која забележа 18 поени на своето конто.
Татјана Јаневиќ го заврши мечот со 15 поени, но тоа не беше доволно за пресврт против расположениот противник.
Со овој триумф одбојкарките на Работнички влегуваат со голема самодоверба во завршната фаза од шампионатот на Македонија.

































