„ТОП 8“ фазата во Првата кошаркарска лига носи возбудливи натпревари, со голема тежина за пласманот пред плеј-офот. Викендов сите водечки екипи играат на гостински терен, што ја зголемува неизвесноста.

Сабота од 14 часот, водечкиот тим на табелата Бутел ќе се обиде да ја продолжи победничката серија против Вардар. Подоцна, од 17 часот, Соколи има тешка задача во Прилеп против Мега Баскет.

Недела започнува со дуел во Скопје меѓу Водно Санс и Струмица. Колото завршува со гостувањето на Борец Баскет кај Охрид во салата „Билјанини извори“.

Сите четири екипи кои гостуваат имаат ист учинок 8 победи и 3 порази. Евентуален „кикс“ ќе значи и место подолу на табелата пред полуфиналето во плеј-офот.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – „TОП 8 – 6 коло

Сабота – 21 март
14.00 ВАРДАР – БУТЕЛ
17.00 МЕГА БАСКЕТ – СОКОЛИ
Недела – 22 март
13.00 ВОДНО САНС – СТРУМИЦА ФМП
16.00 ОХРИД – БОРЕЦ БАСКЕТ