Фудбалерите на Барселона обезбедија пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите по триумфот над екипата на Њукасл.
Каталонскиот гигант славеше во реванш осминафиналниот дуел со Њукасл со 7-2, откако првиот во Англија заврши со нерешен резултат 1-1.
Супер ефикасно и возбудливо беше првото полувреме во кое беа постигнати дури пет голови, а Барса три пати водеше.
Бразилецот Рафиња го најави успехот со прекрасен погодок постигнат уште во петтата минута од возбудливиот натпревар. Сепак Њукасл не се откажа така лесно, па во 15.минута преку Ентони Еланга. Барселона само три минути (18), преку Марк Бернал повторно поведе, сега со 2-1. Не траеше долго радоста на домашните фудбалери и навивачи на „Камп Ноу“. Швеѓанецот, Еланга повторно се запиша во листата на стрелци и во 27.минута повторно израмни, сега на 2-2.
Тука возбудувањата не престанаа. Имаа домаќините три идеални можност кои не ги реализираа од игра. Затоа во седмата минута од дополнувањето, Барса доби пенал, а Јамал го реализира за водство од 3-2.
Во вториот дел, за само 10 минути Барса постигна уште два гола. Во 52.минута по брзата контра полната од својата половина, Фермин Лопез зголеми на 4-1. Искусниот Роберт Левандовски во 56.мунута со својот 108-ми гол во Лигата на шампионите зголеми на 5-1. Пајакот пак се запиша во листата на стрелци во 61.минута за конечни 6-1. Голеадата тука не заврши, бидејќи и Рафиња, кој го отвори резултатот, го завтвори со својот втор погодок во 61-вата минута.
Барса заслужено се најде во четвртфиналето во кое, речиси извесно за противник ќе го има шпанскиот ривал Атлетико Мадрид. Тимот на Диего Симеоне има предност од 4-2 по првиот меч против Тотенхем, па само треба само да го потврди своето место во ТОП-8.
Покрај дуелот во Лондон, вечерва во Англија ќе се игра и натпреварот Ливерпул – Галатасарај (0-1 прв натпревар). Во Минхен пак Баерн со огромна предност (6-1) ја пречекува Аталанта.
Овие три натпревари ќе почнат во терминот од 21 часот.





































