Анжела Палтон повеќе нема да биде дел од екипата на ЖРК Вардар. По неколку сезони поминати во клубот, таа го завршува својот ангажман како дел од стручниот штаб.

Палтон долг период работеше и со младинските екипи на Вардар, каде придонесе во развојот на голем број млади ракометарки, пред да премине во стручниот штаб на првиот тим.

Покрај неа, од тимот заминува и Александра Кузмановска, која во изминатите две сезони работеше со голманите во екипата. Во тој период таа беше задолжена за подготовката и развојот на голманскиот кадар.

Со овие промени, Вардар ќе продолжи со нова организација во стручниот штаб во продолжението од сезоната. Од клубот информираат дека за нов тренер на екипата е назначена Даниела Вељановска.